„РИЧАРД ТРЕТИ“ НА БИТОЛСКИОТ ТЕАТАР НАЈДОБРА ПРЕТСТАВА НА ФЕСТИВАЛОТ „РИСТО ШИШКОВ“

Started on 23/09/2025

Жири-комисијата на 33-то издание на Меѓународниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ во состав: Лео Долорес Поповиќ, актер, како претседател на жири-комисијата, Анастас Попдимитров, актер и режисер и Иван Додовски, универзитетски професор и драмски автор, одгледа 12 претстави селектирани во конкуренција за единствената награда за највисоко актерско остварување што го носи името на големиот македонски актер Ристо Шишков, како и за специјалната награда. Истата за најдобра претстава на Фестивалот, е доделена на „Ричард Трети“ од Вилијам Шекспир, во адаптација и режија на Мартин Мирчевски, во изведба на Народниот театар од Битола.

Повеќе на TERA.mk

© 2025 НУ Народен Театар – Битола / NI National Theatre – Bitola