Претставата во продукција на Битолскиот театар, „Црно семе“ од Ташко Георгиевски, во режија на Андреј Цветановски, е дел од официјалната програма на 59. издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Истата ќе се изведе на 07.06 во сабота, со почеток од 19 часот.
