Комедијата „Чорбаџи Теодос“ по текст на Васил Иљоски, а во режија на Дамјан Димовски, кому ова му е дипломска работа, е на 26 мај ќе има премиера во Народниот театар Битола (НТБ).
„Текстот е пишуван во 1937, а тие исти работи ни се случуваат и денес само во поинакви околности и амабалажа. Во брзиот начин на живот луѓето ги имаат загубено емпатијата и разбирањето и сите сакаме да стигнеме до целта прегазувајќи го другиот“, рече Димовски.