Битолскиот театар го прославува својот голем јубилеј – 80 години од постоењето, со премиера на претставата Ѓоре Магаревски 80 години потоа, во режија на Благој Мицевски, Софија Ристевска Петрушева и Јован Ристовски. Настанот ќе се одржи на 14 ноември, и ќе биде проследен со богата програма која го слави придонесот на театарот во развојот на македонскиот културен идентитет.