ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ

Privacy Policy

Оваа политика на приватност дава општи информации за обработката на лични податоци кога ја посетувате нашата интернет страна и/или користите услуги преку истата. Ги собираме само оние лични податоци кои се неопходни да ги оствариме нашите законски задачи и овластувања.

Правото на приватност и заштитата на личните податоци на клиентите претставува врвен приоритет на НУ Народен театар – Bitola.

Посветуваме особено внимание на заштитата на личните податоци во секој сегмент на деловните процеси преку имплементација на стандардите утврдени со законските и подзаконските прописи за заштита на личните податоци во Република Северна Македонија.

Цели за кои се користат собраните лични податоци

  • Да ја обезбедиме бараната услуга, при што се идентификува корисникот;
  • Да обезбедиме известување за промена на одржување на настанот;
  • Да се обезбеди мислење од корисниците во врска со видовите на настани кои ги нуди Театарот и евентуално за спроведување на анкети, преку поставени прашања до корисниците;
  • Да се олеснат и проследат пребарувањата на корисниците и барањата за информации при јавување од страна на корисниците во врска со настаните;
  • Помош при појава на проблем при користењето на услугите;
  • Прикажување на персонализирани содржини и промотивни материјали (реклами) соодветно на интересите на клиентите, врз основа на нивна изречна согласност.

Чии податоци собираме

Можеме да собираме податоци поврзани со следниве категории на лица:

  • Посетители на нашата интернет страна www.narodenteatarbitola.com. Вообичаено собираме податоци за навигација (види подолу) кои се користат за анализирањето на податоците од посетите на нашата веб-страна како и за одржување на информациска сигурност на нашата веб страна. Повеќе за употребата на колачиња прочитајте ја нашата политика за користење на колачиња.

Како ги собираме личните податоци

Личните податоци ги собираме преку различни канали, вклучувајќи:

  • преку Вашето користење на нашата веб страна, вклучувајќи ги овде и формите за контакт;
  • преку нашите e-mail адреси: [email protected], [email protected], [email protected];
  • преку пошта.

Категории на податоци кои се обработуваат

Податоци за навигација

При посетата на нашата интернет страна серверот, за секој посетител се креираат логови со следниве податоци:

вашата интернет протокол (IP) адреса;
уредот од кој пристапувате, вид и модел;
вашиот оперативен систем;
видот на пребарувачот, plugins и верзија;
страните кои ги посетувате на нашата веб-страна и времето кое го минувате на секоја страна;
URL на страната која ве префрлила на нашата веб-страна и во некои случаи, термините кои сте ги користеле во обидот да ја најдете страната на Театарот;
јазикот на пребарувачот кој го користите;
државата од која пристапувате (се одредува преку IP адресата).

Серверските логови автоматски се бришат во рок од 15 days, освен доколку околностите налагаат подолго задржување, на пример, за да се истражи вирус или злонамерен напад.

Самостојно ги одржуваме серверите и сите активности на веб страната ги спроведуваме интерно, вклучувајќи ги логовите кои се креираат и анализирањето на податоците кои се пренесуваат од посетите на нашата веб- страна.

Заштита и сигурност

Театарот ги превзема сите технички и организациски мерки за обезбедување на највисоко ниво на тајност и заштита при обработката на личните податоци со кои располага, заради спечување неовластен пристап, неовластено откривање или евентуална злоупотреба на истите.

Прифаќање на условите

Со користењето на интернет страницата на Театарот, Вие како корисници се согласувате со одредбите од оваа Политика за приватност. Доколку не се согласувате, Ве молиме да не ја користите интернет страницата. Континуираното користење на интернет страницата од Ваша страна следејќи ги измените и дополнувањата на оваа Политика за приватност се смета за Ваше прифаќање на истите.

Промена на политиката за приватност

Политиката за приватност редовно ќе се менува и дополнува соодветно на законските промени и нашите активности.

Почитувани корисници Ви благодариме за посетата на нашата интернет страница.