ПРАВИЛА И УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ

ПРАВИЛА И УСЛОВИ

Секој билет овозможува еден и единствен влез во салата, без можност за повторно влегување доколку ја напуштите.

Купениот билет не може да биде вратен, заменет или предаден на друго лице. Доколку купувачот го отстапи својот билет (во печатена форма или преку препраќање на билетот на друго лице) за единствено важечки ќе се смета оној билет кој прв ќе биде евидентиран и регистриран преку системот за контрола и евиденција на влезот на салата каде што се одржува настанот.

Доколку го изгубите билетот, истиот не може да биде заменет со нов.

Доколку доцните, не можеме да го гарантираме бројот на вашето седиште.

Доколку настанот е откажан, организаторот има право да ги дефинира условите на надомест (вклучувајќи го и намалувањето на цената на билетот заради преместување).

Било каква измена на репертоарот, не претставува причина за замена или надомест.

На оние што имаат купено билет, им се забранува да внесуваат предмети кои наметнуваат политички пораки, или кои содржат комерцијални или маркетиншки белег кој може да ги прекрши облигационите права на трети страни.

Строго е забрането на секој што има купено билет, да внесува животни во објектот. Освен тоа, секакви предмети што можат да послужат како проектили или оружја, како и пиротехнички материјали, отровни, експлозивни или запаливи субстанци се строго забранети во објектот. Истото важи и за шишиња, лименки и алкохолни пијалоци.

Не е дозволено да се снима или фотографира за време на настанот.

Пушењето е забрането во салата и сите поврзани простории.

Поради безбедносни причини, безбедносни контроли ќе бидат спроведени на сите влезови. Влез во салата може да биде одбиен на сите оние што не пристапуваат кон ова правило. Секој што има купено билет за настанот, ја превзема одговорноста да ги почитува назначените Правила и Прописи. Секој прекршок ќе се казнува. Влез во салата може да биде одбиен на лица чие однесување го прекршува законот и редот. Влез во објектот може да биде одбиен на сите оние кои не се придржуваат на општите услови, а доколку дојде до прекршок на истите, лицата ќе бидат отстранети без право на надомест за билетот.

Е-билет и општи услови за негово користење

Доколку купувате билети онлајн преку веб-страната на Театарот и Вашата трансакција е успешна, во рок од неколку минути на е-маил адресата ќе добиете билет. Е-билетот (во пдф формат) е документ кој содржи податоци за настанот и купувачот, и е доказ дека сте купиле билет за тој настан и истиот го користите за влез на настанот. Може да го отпечатите а може и само да го прикажите на Вашиот мобилен уред при влез во салата.

Важно е да се напомене дека валидна е само базата на податоци за продадени билети која ја има Театарот. Било каква злоупотреба на онлајн билет ќе биде проследена против одговорното лице по судски пат.