ФЕТИШИСТ

Датум:

21 февруари, 2024

Време:

20:00

Локација:

НТБ - Нова Сцена

ФЕТИШИСТ

Претставата “Фетишист” (монодрама) по Мишел Турние има за цел да ни ја претстави извртената реалност на еден живот што бивајќи свртен наопаку, поради тешките услови од војните од минатото, личните неуспешни борби, притисокот од општествените вредности и наметнатата реалност – ни ја прикажува единствената можност за постоење на еден човек, кој иако изгубен во реалноста, одлично живее во својот замислен свет и успева да најде задоволство во живеењето, каде самиот се обидува да ја создаде својата среќа и покрај сите непријатности кои го следат.
Ова е апсурдна приказна за еден, не баш обичен човек кој се обидува да се справи со сите предизвици низ неговиот – не така прост и едноставен живот, полн со мрачни нагони и неочекувани задоволства и ни ја прикажува неговата немоќ пред таканаречената судбина, како нешто кое не секој го поседува и потешкотиите во животот на оние кои ја поседуват.
Овој трагикомичен лик кој уште од почеток е осуден на неуспех, не води низ неговата длабока фантазија, за која може да се каже дека би создала еден прекрасен живот, доколку самата судбина не би била замешана во него како една конечна и непроменлива константа во сите можни варијанти на постоење.

Актер: Здравко Стојмиров

Измината претстава

Локација:

Вкупно места: 30
  • НТБ - Нова Сцена
  • Широк Сокак бр. 60
  • Битола
  • Битола
  • 7000
  • Македонија

Event Schedule Details

  • 21 февруари, 2024 20:00   -   21:30
Споделете
ДОДАЈТЕ ВО ВАШИОТ КАЛЕНДАР