ХАМЛЕТ – Денот на убиствата / РЕПРИЗА

Датум:

2 март, 2024

Време:

20:00

Локација:

Народен Театар Битола

ХАМЛЕТ – Денот на убиствата
според пиесата на Бернар Мари – Колтес

Режија: Марјан Неќак

ИГРААТ:
Никола Стефанов
Иван Јерчиќ
Валентина Грамосли
Викторија Степановска – Јанкуловска

Четирите клучни ликови на Шекспировата безвремена пиеса „Хамлет“, Хамлет, Офелија, Клаудиј и Гертруда, поместени во простор лишен од историски и културолошки контекст, во атмосфера во која секој морален императив губи смисла, во услови на беспоштедна игра за преживување, ги живеат последните часови од својот животот. Денот на убиствата! Ставен во такви екстремни услови, овој извонреден квартет од ликови и актери, кои им соживуваат на тие ликови со секоја фраза од кажаната реплика, ги испитува границите на човековата природа, поставувајќи ги прашањата за човековата ранливост, кршливост, за кревкоста на неговите ставови и убиственоста на неговите мисли, за несигурноста на неговата позиција во светот. За тоа – да се биде или не!

Измината претстава

Локација: