ДУПЛО ДНО

Автор: Горан Стефановски
Режија: Ангелчо Илиевски
Сценограф: Валентин Светозарев
Композитор: Марјан Нечак
Костимограф: Благој Мицевски
Суфлер: Зорка Ѓаковска
Инспициент: Мирослав Лазаревски
Фотограф: Александар Јоначиќ

Премиера: 01.04.2017

Улоги:

Јаков: Мартин Мирчевски
Божо: Петар Мирчевски
Параскева: Габриела Петрушевска
Кристина: Катерина Аневска

Во едно вакво хаотично време во кое живееме, време во кое театарот и уметноста го изгубија својот правец, имав огромна потреба да го работам текстот „Дупло дно“ на Горан Стефановски. Заедно со една многу сериозна екипа, направивме претстава која отвора многу сериозни прашања. Претставата говори за слободата, за уметникот, за неговиот статус и положба, говори за тоа кои се денес вредностите во театарот и уметноста, бидејќи чувствувам дека истите во последно време се изгубија. Претставата е крик за слобода на уметникот. Уметникот мора да биде коректив на власта, уметникот мора да биде будното око на општеството, што ќе ги следи сите негови аномалии и истите мора да најде начин како да ги искоментира. Тоа е мисијата на уметникот. Без разлика која и да е власт, каква и да е таа власт, уметникот мора да ги коментира сите нејзини грешки, сите погрешно донесени одлуки. Уметникот станува роб во истиот момент кога ќе си ја продаде сопствената душа на власта, и од тој момент неговата слобода завршила. Слободата е избор како што избор е и послушноста.

Ангелчо Илиевски, режисер