МАКБЕТ
Датум:
19 ноември, 2026
Време:
20:00
Локација:
НТБ Голема сцена
„МАКБЕТ“
режија: Елиот Хакстабл
Државен камерен театар Ереван, Ерменија
19.11.2026 | Голема сцена | 20:00
Трејлер: https://www.youtube.com/shorts/sAwhP-Eh2aU
„Макбет“, чија премиера беше во мај 2026 година претставува заеднички ерменско-британски проект создаден од Државниот камерен театар во Ереван во соработка со Фестивалот на Шекспир во Кентербери, а во режија на уметничкиот директор на Фестивалот, Елиот Хакстејбл.
Нашиот Макбет е современа, визуелно минималистичка интерпретација на Шекспировата трагедија. Во средиштето на претставата се наоѓаат Вештерките, кои од пророчки фигури се трансформираат во постојано и активно присуство низ целото дело. Тие стануваат агенти на судбината, ја насочуваат дејството и ја замаглуваат границата помеѓу натприродните сили и изборите што ги прават самите ликови. Преку оваа перспектива, претставата ги истражува темите на судбината, амбицијата, моќта и личната одговорност, користејќи концизен и изразито современ театарски јазик.
Предвидено е претставата да учествува на Меѓународниот фестивал за изведувачки уметности „HIGH FEST“ 2026 во Ереван, на Меѓународниот Шекспиров театарски фестивал во Ереван, како и на Вториот меѓународен театарски фестивал „Пермска фантасмагорија“ во Перм.
Исто така, добивме потврдена покана да го претставиме „Магбет“ на конференцијата на Европското здружение за истражување на Шекспир во 2027 година – насловена „Шекспир и формата: Да ѝ се даде форма на посакуваната промена“ – која ќе се одржи на Универзитетот Бангор во Северен Велс.


