F_AI_LLE – Современ француски танц

Локација:

НТБ Голема сцена, Широк Сокак бр 60, Битола, МК, 7000, Македонија

Битола го слави франкофонското наследство: „Франкофонска пролет“

Францускиот почесен конзулат и Француската Алијанса во Битола најавуваат бројни активности во текот на традиционалната „Франкофонска пролет“.
Оваа година , покрај одбележувањето на Месецот на Франкофонијата, ќе означи и одбележување на две значајни годишнини: 30 години конзуларно делување и 25 години Француска Алијанса Битола, институција која веќе четврт век ги промовира францускиот јазик, култура и вредности.
Широко распространетото меѓународно одбележување на Месецот на Франкофонијата не претставува само програма од настани – тоа е прослава на заедничките вредности, на љубовта кон јазикот, уметноста и отвореноста кон светот.

Современ француски танц – енергичен и визуелно впечатлив перформанс што ја носи современата француска уметничка мисла на сцената во Битола.

📅 13.03.2026 | 20:00 | Голема сала, НУ Народен театар – Битола

Ги покануваме сите граѓани, љубители на културата и пријатели на франкофонијата да бидат дел од ова чествување. Започнуваме на 13 март со извонредниот танцов спектакл.
Во Битола, пролетта зборува француски !

*Влезот е бесплатен. Ограничен број на влезници се со регистрација онлајн. Ограничен број на влезници можат да се подигнат на билетарницата на НУ Народен театар – Битола, по принципот прв дојден прв услужен.

Локација

НТБ Голема сцена, Широк Сокак бр 60, Битола, МК, 7000, Македонија

© 2026 НУ Народен Театар – Битола / NI National Theatre – Bitola