JFF 2024 – SAKIS PAPADIMITRIOU SOLO OSSA QUARTET

Датум:

6 април, 2024

Време:

20:00

Локација:

Народен Театар Битола

SAKIS PAPADIMITRIOU

Пијанистот, композитор и писател SAKIS PAPADIMITRIOU е една од клучните фигури во авангардниот Грчки џез. Роден е во Кавала во 1940 година, а израснал во Солун. Неговите текстови се објавени во многу списанија (Jazz, Echos & HiFi, Jazz&Tzaz итн.), беше издавач на списанието Sin and Plin, долги години работи како радио продуцент, и компонира музика за театар и неми филмови.

OSSA QUARTET

OSSA QUARTET изведува оригинална музика инспирирана од францускиот џипси џез, џез-рок и блуз, како и од џез стандардите – дела од Стефан Грапели, Џанго Рајнхард, Антонио Карлос Жобим и други. Инспирацијата за нивната музика доаѓа од џез-фолклорот на номадските цигани, музика која до ден-денес звучи свежо и наелектризирано и продолжува да одекнува кај младата и сериозна џез публика.

Измината претстава