БУДЕЊЕ | Танц Фест 2026
Локација:
НТБ Голема сцена, MK, MK
БУДЕЊЕ | Рисима Рисимкин и Скопје Танцов Театар | Танц Фест 2026 Битола
Будење е моќна изведба што го затвора 22. издание на Танц Фест, носејќи силна сценска енергија и колективно искуство што ги поврзува личното и општественото.
5 мај 2026 | 20:00 | Голема сцена, НУ Народен Театар – Битола
„Будење“ ја затвора фестивалската програма со силна колективна изведба што ги истражува меѓучовечките односи, стереотипите и динамиката помеѓу индивидуалниот и колективниот идентитет.
Претставата се занимава со воспоставените форми на однесување и нивната деконструкција, отворајќи простор за преиспитување на општествените норми и личните позиции во нив. Телото станува медиум преку кој се изразуваат емоции, конфликти и трансформации.
„Будење“ е процес — патување низ личните и колективните слоеви на идентитетот, каде што секој танчер носи сопствена приказна, која се претопува во заедничко сценско искуство. Претставата кулминира како силен, емотивен и визуелен финалe на фестивалот.
Како завршен настан на Танц Фест 2026, оваа изведба го означува новото поглавје на фестивалот — со излегување надвор од Скопје и отворање кон нови простори и публики.
Уметнички тим:
Кореографија и режија: Рисима Рисимкин
Музика: Тони Китановски
Костими: Благој Мицевски
Дизајн на сцена: Матеа Мијановиќ
Асистент-репетитор: Сара Димовска
Изведувачи: Адријана Данчевска Ровчанин, Дејан Битровски, Анастасија Данчевска, Сара Димовска, Нина Петрушевска, Лука Ѓорѓиевски, Давор Милев, Михаела Колцунова, Теона Ѓуревска, Надја Луканова, Ивона Манасиевска, Елена Терзиева, Миа Петровиќ, Марија Андовска, Мила Ангелова, Аника Андоновска, Анеса Бектеш, Нина Ташкова, Ејул Јилмазчобан, Јана Ѓоршовска, Моника Ѓоргиева, Теона Голчева, Ивана Ралев, Евгенија Павловиќ, Евгенија Симоновска, Небеска Шумковска, Теона Димитриевска, Кристина Петрова, Кристина Коцевска, Мила Атанасова, Ана Митревска
Продукција: Скопје Танцов Театар, 2026
Програма: Скопје Танцова Платформа
Благодарност до ДМБУЦ “Илија Николовски-Луј” – Балетски оддел за соработката
*Билетите се бесплатни, можат да се подигнат на билетарницата на НУ НТБ.


